Меси вообичаено се наоѓа во речиси сите замислени дрим-тим тимови, но изненадувачки не се најде во тој на неговиот поранешен соиграч, Тер Штеген.
Во тимот на Тер Штеген кој е со формација 4-4-2, има седум поранешни или сегашни играчи на Барселона, Пике, Дани Алвес, Жорди Алба, Бускетс, Чави, Иниеста и Френки де Јонг.
Покрај нив таму се голманот Јанис Бласвич со кој беше во Борусија Менхенгладбах, како и неговите соиграчи од репрезентацијата, Антонио Ридигер, Марко Ројс и Марио Геце.
Идеалниот тим на Тер Штеген: Бласвич, Алвес, Пике, Ридигер, Алба, Бускетс, Чави, Иниеста, Де Јонг, Ројс и Геце.
Тер Штеген не објасни зошто не го одбра Меси, но при заминувањето на Аргентинецот, голманот во пораката со која го испрати, напиша и дека имале несогласувања.
„Иако од време на време не делевме исто мислење, секогаш одевме во иста насока и секој од нас созреваше како личност без разлика дали победувавме или губевме“, напиша тогаш Тер Штеген за Меси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.