215
Лео Меси е осамен
на врвот кога е во прашање бројот на погодоци во еден клуб. Откако пред
неколку дена се изедначи со Пеле, Аргентинецот вечерва го надмина рекордот на
легендарниот Бразилец.
По 65 минути игра
на „Зориља“, Педри атрактивно го проигра Лео Меси, кој прецизно биеше за 0-3 и 644-от погодок во дресот на „каталонците“.
Претходно, Ленгле
го отвори резултатот во 21. минута на додавање на Меси, а Брајтвајт во 35. минута
ја затресе мрежата на домаќините на аситенција на Дест.
За Барселона ова
беше прва гостинска победа во Ла Лига по два ипол месеци.