337
Аргентина и
Бразил ќе ги одмерат силите во 13 коло од мундијалските квалификации, а мечот
на големите ривали е предвиден да се одигра утревечер само 30 минути по полноќ.
Првата ѕвезда на
„Гаучосите“, Лионел Меси во игра на претходниот меч кај Уругвај во кој неговата
селекција славеше минимална победа во игра влезе во 76 минута, а се верува дека
фудбалерот на ПСЖ е подготвен за пресметката со „Кариоките“.
Во квалификациите
за Светското првенство во конкуренцијата за Јужна Америка, на табелата прв е
Бразил со 34 бода, по него следи токму Аргентина со 28 бода на пет кола до
крајот на квалификациите во оваа конкуренција.