Мењан пристигна во Милано, почнува комплетирањето на трансферот во Милан, Донарума е минато

by
1 минути читање

На раководството на Милан преку глава му дојде од постојаните нови барања на Џиџо Донарума и неговиот агент Мино Рајола, па реши во овој преоден рок да го промени голманот.

Донарума ќе замине од Милан, а нов голман ќе биде Мајк Мењан кој беше важна алка во шампионската титула на Лил.

Сите детали околу трансферот се договорени, Мењан е веќе во Милано и утринава треба да ги помине медицинските тестови и да потпише за Милан.

Милан ќе му плати на Лил 13 милиони евра, плус дополнителни два милиони во бонуси.

Мењан ги договорил и личните услови со росонерите, неговиот договор е со трајност до јуни 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×