Менди во 2014 беше невработен, сега е шампион на Европа и Африка

by
1 минути читање

Едвард Менди ја одбрани својата мрежа и во финалето од Лигата на шампионите со Челси и во финалето од Африканскиот куп на нации со Сенегал. Тој ја доби наградата на ФИФА за најдобар голман.

Но, Менди во 2014 година, на 22 години беше регистриран како невработен откако си замина од францускиот четвртолигаш Чербург.

Додека бил без работа некој негов пријател го препорачал во Марсеј каде отишол на проба, задоволил и бил четврти голман во тимот. Почнал од Марсеј Б, а дебито во француската Лига 1 го имал дури на 26 години.

Неговите перформанси им фатиле око на луѓето од Рен кој го донесоа во своите редови, Менди таму блесна во сиот свој сјај, тоа го виде Петр Чех кој го препорача на Челси а тие го купија за 24 милиони евра.

„Напорна работа, конзистентност, пожртвуваност, верба, поддршка и надеж“, напиша Менди на својот инстаграм профил по финалето.

„Немаше ова да го направам без љубовта и поддршката која ја добивав од мојот тим, стручен штаб, фудбалерите, фамилијата и фановите. Победиме заедно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×