172
Ферлан Менди
имаше одлична сезона за Реал Мадрид, а со тоа ги надмина проблемите кои ги
имаше претходно под кормилото на Зинедин Зидан со зачестените повреди, но и
фактот што францускиот фудбалски стратег го преферираше Марсело.
Како и да е, „Марка“
пишува дека 26 годишниот бек побарал повисока плата од Реал Мадрид за да се
награди неговото значење во тимот на „Кралевите“, меѓутоа, шпанскиот весник
тврди дека Реал Мадрид нема намера да му ја исполни желбата, ниту пак да
размисли за неговото барање.
За очекување е
местото на Менди во почетниот состав на Реал Мадрид да биде сигурно во новата
сезона под кормилото на Карло Анчелоти.