Мендеш се огласи по честите шпекулации за иднината на Роналдо и прешкрта еден клуб

by
0 минути читање

По слабата сезона на Јувентус, има многу шпекулации за заминување на Кристијано Роналдо од Торино. Дури се најавува и негово сензационално враќање во Спортинг, a ваквите гласини ги подгреа и неговата мајка, која изјави дека ќе го убеди својот син одново да го облече „зелено-белиот“ дрес.

Сепак, агентот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш ги разочара фановите на Спортинг.

„Кристијано е горд на титулата која ја освои Спортинг, јавно го покажа тоа. Но во моментов, плановите за неговата кариера не минуваат низ Португалија“ – вели агентот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×