Ренато Санчез откако повторно ја крена својата форма во Лил, вели дека е подготвен за трансфер во голем клуб. Негова желба е да замине што побрзо, а неговиот агент Жорж Мендеш се обидува да му го овозможи тоа.
Во трката по услугите на Санчез се Милан, Арсенал и Ливерпул.
Милан го сака Ренато Санчез како замена за Франк Кеси, но Лил за услугите на Португалецот бара најмалку 35 милиони евра, се верува дека росонерите не би можеле да платат толку во јануари.
Договорот на Ренато Санчез со Лил трае до јуни 2023 година.
Лил е актуелен шампион на Франција, но оваа сезона игра во лоша форма, во моментов е на 12. место на табелата.
Лил и Милан веќе воспоставија добри односи кога трансферите се во прашање, Росоњерите од овој клуб го донесоа голманот Мањан, па ќе се обидат да договорат зделка и за Ренато Санчез.