По елиминацијата на Јувентус од Порто во Лигата на шампиони, медиумите од Италија почнаа да пишуваат дека Кристијано Роналдо е на излезна врата. Неговите големи примања се проблем за „старта дама“ поради ковид-19 кризата и доколку тој замине, „бјанконерите“ ќе имаат многу повеќе ресурси за настап на трансфер пазарот и реконструкција на тимот.
ПСЖ се посочуваше како можна десетинација, но од Шпанија сега пристигнува информација за враќање на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.
Новинарот Жозеп Педрерол објави дека агентот на Португалецот, Жорж Мендеш стапил во контакт со раководството на „кралевите“.
Во моментов разговорите се информативни и се опипува терен, но постои желба кај двете страни со оглед на тоа дека и Реал Мадрид и Кристијано Роналдо загубија од прекинот на сработката во 2018 година.