178
Кристијано Роналдо сака да си замине од Јувентус, но неизвесно е дали ќе се случи тоа, ситуацијата не е едноставна.
Јувентус се уште нема добиено официјална понуда за Роналдо, а тие сакаат 30 милиони евра обесштетување.
Манчестер Сити го сака Роналдо, но нема намера да плати обесштетување за Португалецот, ниту да го даде Габриел Жесус како што сака Јувентус.
ПСЖ се чини дека ќе го задржи Мбапе ова лето, па во една таква ситуација тие не се заинтересирани за Роналдо.
Има уште неколку дена од преодниот рок и наскоро ќе се знае дали Роналдо ќе остане во Јувентус или ќе потпише за нов клуб.