Мело: Трансферот во Реал Мадрид ми беше договорен, но го згазнав Робен и завршив во Галатасарај

by
1 минути читање

Бразилскиот фудбалер открива дека во 2010 година Реал Мадрид преговарал со Јувентус за негов трансфер, но на Светското првенство таа година тој доби црвен картон откако го згазна Робен во четвртфиналето. Тој потег го предомислил кралскиот клуб и трансферот пропаднал.

„Сите сакаат да играат за Реал Мадрид. Кога Реал Мадрид или Барселона ќе ви се јават оставате се и одите таму. Тие се два неверојатни клуба“, вели Мело.

„Имав се договорено со Реал Мадрид во  2010, беше готово, но се случи тоа на СП (газењето на Робен) и трансферот пропадна. Останав во Јуве, па потоа следната година заминав во Галатасарај“.

„Но видете колку прекрасно беше моето време таму. Станав најдобриот Бразилец во турската лига, освоив неколку трофеи, осум во четири години. Беше неверојатно“.

„Можеби ќе креирав историја со Реал Мадрид, но немаше да бидам таков идол за навивачите како што сум денес во Галатасарај. тој клуб секогаш ќе остане во моето срце“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×