Мекнил се жалел од гестот на Алиоски и го пријавил Македонецот кај судијата?!

by
1 минути читање

Лидс попладнево
со 0-4 славеше на гостувањето кај Барнли, а натпреварот помина во знакот на
гестот кој го имаше нашиот Езгјан Алиоски откако се спречка со Двајт Мекнил.

По инцидентот,
судијата разговараше со двајцата тренери, Шон Дајч и Марсело Бјелса, а
разговараше и со Езгјан Алиоски и двајцата капитени.

Шон Дајч сега
сугерира дека разговорот бил поради тоа што Двајт Мекнил се пожалил од Езгјан
Алиоски и го пријавил Македонецот.

„Беше поднесен
приговор до судијата и ќе биде проследен до ФА. Еден од нашите фудбалери
поднесе приговор и јас само бев сведок на приговорот, не и на инцидетот. Не
можам да откријам ништо повеќе“
– изјави тренерот на Барнли.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

×