164
„Спортиталија“, „Скај
Спорт Италија“ и други медиуми од Италија известија дека Рома веќе ги
договорила личните услови со Ејншли Мејтланд-Најлс, меѓутоа преостанува да се
реализира и договорот со Арсенал.
24 годишниот
фудбалер е предвидено да биде третиот Англичанец кој ќе се приклучи на „Римската
волчица“ под кормилото на Жозе Мурињо, кој претходно ги доби како засилувања
Крис Смолинг и Тами Абрахам.
Истовремено се
верува дека Мејтланд-Најлс притиска за реализација на овој трансфер, откако не
доби прилика за докажување во дресот на „Топчиите“, каде сезонава запиша 11
настапи, на кои имаше и една асистенција.