Оле Гунар Солшер
за момент може да здивне по големите критики на своја адреса поради очајните
изданија на Манчестер јунајтед, откако „Црвените ѓаволи“ со пресврт дојдоа до
победа на гостувањето кај Евертон во осмото коло од Премиерлигата.
Капитенот на Манчестер
јунајтед, Хари Мегваер кој трпи доста критики за својата игра во одбраната,
верува дека критиките доаѓаат најмногу од фактот што клубот имал низа успеси во
минатото, па истите се своевидна љубомора.
„Во овој клуб
една работа забележав најмногу, тука сум веќе година и пол, а имам впечаток
дека сме најозборуван клуб во светот“ рече Мегваер.
„Зошто? Бидејќи
ние сме најголемиот клуб во светот, а луѓето не сакаат да успееме, зошто? И
повеќе од веројатно е дека одговорот лежи во успесите на овој клуб во минатото“
додаде стоперот.
„Како и да е,
мораме да живееме со тоа, мораме да реагираме, да не дозволиме сета таа
негативност да влезе внатре во соблекувалната, понекогаш е навистина тешко за
момците“ заклучи Мегваер.