Манчестер јунајтед денеска на свој терен против Брајтон од 15 часот ја почнува новата сезона во Премиерлигата. Овојпат задача да направи нешто повеќе ќе има Ерик тен Хаг за кого тоа ќе биде првиот официјален меч како тренер на англискиот тим.
„Навистина е добро досега, свеж старт по минатата сезона. Тен Хаг внесе многу енергија, многу позитивни вибрации и момците навистина добро го прифатија тоа. Тоа беа само подготовки но фит сме и подготвени“, вели Мегваер.
„Во овој клуб успех е само освојување на трофеи. Па треба да имаме голем напредок во однос на минатата сезона. Минатата сезона не беше ни блиску до прифатлива за овој клуб“.
„Капитен сум под водство на три тренери во клубот и тоа ми дава многу самодоверба. Да се биде капитен на овој клуб е голема чест. Знам колку шпекулации има во медиумите и навикнат сум на тоа, доволно сум голем да прифатам се што доаѓа. Подготвен сум да бидам предводник на тимот и оваа сезона“.