Дефанзивецот на
Манчестер јунајтед, Хари Мегваер признава дека неговиот тим не креирал доволно
шанси за погодок за победа на денешниот меч на гостувањето кај Лидс кое заврши
со реми без голови на обете страни.
„Ова ќе биде
голема седмица за нас, но мораме да се подобриме во некои делови од играта, тоа
сигурно, особено мораме да бидеме подобри во финалниот дел од играта“ рече
Мегваер алудирајќи на тоа дека неговите соиграчи мораат да бидат подобри во
завршницата од нападите, но по мечот со „Римската волчица“ следи и дербито во Премиерлигата со Ливерпул во Премиерлигата.
„Очигледно е дека
двомечот со Рома нема да биде ниту малку лесен за нас, но тоа е двомеч кој
едвај чекаме да започне, а по првиот меч со Рома следи и дуел со Ливерпул, ќе
биде ова тешка седмица, голема седмица“ додаде тој алудирајќи на претстојната
полуфинална пресметка со Рома во Лига Европа.
„Ова ќе биде
дефинитивно тешка седмица за нас, но подготвени сме за тој предизвик, само ќе
мораме да ја подобриме самодовербата во однос на тоа што го прикажавме денеска“
заклучи Мегваер.