Мегваер: Сите сме разочарани, заедно сме во ова, треба да понесеме одговорност

by
1 минути читање

Капитенот на
Манчестер јунајтед, Хари Мегваер инсистира на тоа дека фудбалерите на „Црвените
ѓаволи“ мораат да ја преземат вината на себе за отказот на Оле Гунар Солшер по
очајните резултати изминатиов период на клубот од „Олд Трафорд“.

„Дејли мејл“: Случувањата во последните часови на Солшер како тренер на Манчестер јунајтед

Фудбалерите
мораат да понесат одговорност за се
што се случува на теренот, но и вон него, ние сме заедно во сево ова, ние
сме сите разочарани
“ рече Мегваер.

Мораме да го
вратиме клубот онаму каде што припаѓа, поминавме низ еден доста тежок период,
имавме голема почит кон нашиот тренер, ние бевме заедно во ова патување, беше
тешко да се соочиме со емоциите
“ додаде стоперот.

Толку силно
посакувавме да успееме, а резултатите едноставно не беа добри, овој бизнис се
сведува на резултати, фудбалерите мораат да понесат одговорност, заедно сме
сите во ова, за несреќа, тренерот е тој кој ја плати цената, ние сите сме толку
разочарани заради тоа, знаеме дека не бевме доволно добри
“ подвлече Мегваер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×