Не само што примија пет гола, фудбалерите на Манчестер јунајтед изгледаа очајно на теренот и се чини дека благодарение на Ливерпул кој во второто полувреме ја тргна педалата од гас, не доживееа дебакл.
Мегваер кој имаше очаен меч, заедно со остатокот од одбраната, им се извини на навивачите.
„Им се извинуваме на фановите, ова беше многу далеку од добро за овој клуб. Фановите останаа со нас до крај и ние го цениме тоа, но мора да играме подобро“, вели Мегваер.
„Премногу сум разочаран, им дадовме многу шанси да направат. Беа премногу прецизни, и ние имавме шанси, но јас сум дефанзивец и кога ќе примите четири гола за едно полувреме, особено на Олд Трафорд, тогаш е лошо“.
„Не би рекол дека ова е срам. Терминот кој го користам е не е доволно добро. Ги гледам секој ден момците на тренинг и знам колку напорно работиме. Им се извинувам на фановите, треба да се погледнеме меѓу себе, но да останеме заедно“.