Мегваер е мета на потсмев на социјалните мрежи (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Оле Гунар Солшер
се соочува со низа критики изминатиов период поради слабите перформанси кои ги
приредуваат неговите избраници, а последното гостување кај Лестер заврши со
пораз од 4-2.

И повеќе од
веројатно е дека најслабите перформанси на „Кинг Пауер“ арената ги забележа
поранешниот член на Лестер, Хари Мегваер кој беше очаен на теренот, а тој стана
мета на потсмев на социјалните мрежи најмногу поради голот на Дака во самиот
финиш од средбата, за што стоперот делуваше како збунет во казнениот простор на
„Црвените ѓаволи“.

Солшер ја презеде
вината за селектирањето на Мегваер за дербито против Лестер, откако се постави
прашањето дали стоперот беше подготвен за настап по кратката пауза од терените
поради повреда.

Моја е одлуката
за тој да игра, работеше многу напорно на својата рехабилитација со
физиотерапевтите, делуваше дека е во целост подготвен за настап, за среќа не
почувствува негативни последици по мечот, тој е голем играч за нас, доста
важен, капитен, лидер
“ рече Солшер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани