Брајтон загуби на
гостувањето кај Тотнем изминатиов викенд во седмото коло од Премиерлигата, фаворитот
потешко од очекувањата славеше со 2-1, а нема дилеми дека со оглед на играта на
домаќините, Брајтон можеше да дојде и до реми.
Како и да е,
медиумите на Островот за момент се подзаминаваа со Нил Мопе, откако 24
годишниот француски напаѓач не се најде ниту во составот на гостите, за што
тренерот Грем Потер по мечот објасни дека станува збор за одлука од тактичка
природа, меѓутоа, медиумите наведуваат дека имало нешто повеќе од тоа.
Мопе наводно бил
изоставен од составот поради загриженост во Брајтон за неговото однесување, „Спортсмејл“
додава дека во Брајтон сакале да бидат конкретни во идејата дека ниту еден
фудбалер не е исклучок во однос на целиот тим во генерална основа, а се верува
дека егото на Французинот пораснало изминативе неколку седмици.
Мопе на шест меча
успеа да постигне четири погодоци во новата сезона, но Потер бил приморан да
испрати јасна порака, па извори за медиумите наведуваат и дека Французинот бил
инволвиран и во инцидент за време на тренинг со свој соиграч изминатиов период,
што дополнително го мотивирал Потер да донесе таква одлука.