175
Јувентус и Наполи со почеток од 21 часот на Олимпико во Рим ќе ја почнат битката за трофејот од Купот на Италија.
Поради правилата за социјално дистанцирање, медалите и пехарот нема да бидат доделени на стандарден начин, туку со самопослужување, пишуваат италијанските медиуми.
Тие ќе бидат оставени на маса на центарот, а секој од играчите ќе помине и сам ќе си го земе својот медал, на крај капитенот на победничкиот тим ќе го земе и ќе го крене пехарот.
Најавено е дека на трибините ќе има светлосно шоу, дигитални фанови и навивачки кореографии. Како сето тоа ќе изгледа, ќе видиме вечер.