Мечот меѓу Тотнем и Рен нема да се игра, англискиот тим испаѓа од конференциската лига?

by
0 минути читање

Поради големиот број на фудбалери заразени од ковид-19, Тотнем побара да не го одигра мечот со Рен, а УЕФА дозволи тоа да се случи.

Но, Европската куќа на фудбалот сега има проблем да најде термин кој ќе им одговара и на двете екипи.

Згуснатиот распоред на сезоната си го прави своето, па постои веројатност мечот воопшто да не се одигра.

Во една таква ситуација, Тотнем би загубил службено, а тоа значи дека не може да се пласира во нокаут фазата бидејќи само со победа можеше да стигне до второто место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×