Меч со луд крај во Рим, Наполи со гол во 94. минута го победи Лацио (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елмас не беше стартер, во игра влезе во 57. минута и брзо потоа почнаа сите возбудувања во мечот.

Во 62. минута по едно додавање од Елмас, Инсиње постигна гол за водство на Наполи од 1-0.

Седум минути подоцна Инсиње даде уште еден гол, но ВАР му го поништи поради офсајд

Во 88. минута Педро постигна прекрасен гол од далечина за израмнување на 1-1. Во тој момент се чинеше дека Наполи ја пропушти победата.

Но во 94. минута во акција во која значаен дел имаше и Елмас, Руиз со шут од далеку постигна гол за победа на Наполи од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×