Напаѓачот во 2017
ги помести границите во светот на фудбалот откако реши да ја напушти Барселона
и да се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра, рекордна сума која беше два пати
поголема од претходната (трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер
јунајтед за 110 милиони евра).
Но само неколку
месеци по трансферот почна да се шпекулира дека Нејмар не е среќен во Париз и
жали што ја напуштил Барса. Ваквите написи потоа се појавија уште неколку пати,
а причина плус за шпекулациите им даде и самиот играч, кој во неколку наврати се
врати во Барселона на дружба со поранешните соиграчи.
Денешното издание
на Мундо Депортиво го смести Нејмар на насловната страна и ја повтори
приказната. Каталонскиот весник вели дека играчот се кае што заминал и на
директори, функционери и играчи од Камп Ноу им кажува дека поакува да се врати.
Нејмар не наоѓа
мотивација во играњето во Франција поради слабиот квалитет на првеснството како
и тоа што противниците често се обидуваат да го „покосат“. Проблем е и тоа што
Мбапе е во сензационална форма и по одличниот настап на мундијалот добива
поголемо внимание, а му недостасуваат и пријателите од соблекувалната на Барса,
пред се Лео Меси и Луис Суарез.
Но различно во
оваа сторија е тоа што лидерите на Барселона во минатото категорично отфрлале
една ваква зделка, а сега ставот не е толку цврст и доколку се создадат услови
тие се подготвени да го вратат Нејмар.
МД вели дека
зделката е комплицирана но не и невозможна и набрајува одредени работи кои
треба да се случат за да започне процесот. Најпрво Нејмар ќе треба јавно да
признае дека направил грешка кога заминал. Второ ќе треба јавно да побара од
првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи да му дозволи да замине за да се омекне
позицијата на „Светците“. Исто така треба да се разреши и уште еден проблем.
Кога тој замина од Камп Ноу, Барса не му го исплати бонусот од 26 милиони евра
за новиот договор кој го потпиша во 2016. Поради ова двете страни завршија на
суд, па Нејмар ќе треба да ја повлече тужбата и да побара мирољубиво решавање
на спорт.