Мбапе викендов ќе соопшти каде ќе игра следната сезона, веќе никој не знае дали ќе оди во Реал или ќе остане во ПСЖ

by
2 минути читање

До крајот на оваа недела ќе се знае дали Килијан Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид или ќе остане во ПСЖ.

„Л’Екип“ тврди дека Мбапе во недела во емисијата „Телефут“ ќе ја соопшти својата одлука и ќе стави крај на сите дилеми. Други пак пишуваат дека тоа ќе биде во сабота по завршувањето на мечот меѓу ПСЖ и Мец кога и завршува француското првенство.

Веќе никој не знае што има во мислите на Мбапе, и во Реал Мадрид и во ПСЖ ја чекаат неговата одлука.

Според Фабрицио Романо, Мбапе денеска ќе има нов состанок со своето семејство и со адвокатите, на кој ќе биде донесена одлуката која веројатно ќе биде соопштена викендов.

Некои тврдат дека се зголемуваат шансите за останување на Мбапе во ПСЖ. Големиот притисок кој го прави францускиот клуб а во кој беа вклучени и властите од Катар и претседателот на Франција, Емануел Макрон, вродува со плод. 

Емирот од Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани ќе ја промени целата структура на проектот на ПСЖ за да му гарантира на Мбапе амбициозен проект во кој фудбалерот ќе биде во центарот.

Од друга страна пак, детскиот сон на Мбапе е да игра за Реал Мадрид и тој знае дека доколку сега не се пресели во кралскиот клуб, можеби нема да има друга шанса тоа да се случи.

Знае дека фудбалер од негов калибар, на негова возраст треба кариерата да ја гради во некоја од најдобрите фудбалски лиги, а не во француската која не е во фокусот на светската јавност.

Како и да е, наскоро ќе дознаеме дали Мбапе ќе го одбере богатството и новиот проект на ПСЖ или ќе си го исполни сонот и ќе се пресели во Реал Мадрид.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани