Иако Леонардо најави дека наскоро ќе го продолжат договорот со Мбапе, сепак од Шпанија стигнуваат поинакви информации.
Францускиот фудбалер веќе трипати го одбил ПСЖ, тој сака да си замине, негова желба е да заигра за Реал Мадрид.
Мбапе е целта број еден на Реал Мадрид во летниот преоден рок, но работите не зависат само од нив. Фудбалерот има уште една година од договорот со ПСЖ, па францускиот клуб ќе го има клучниот збор.
ПСЖ може да игра на два начини, да се договори со Реал Мадрид и за солидно обесштетување да им го продаде Мбапе. Или да се инаети, да го задржи фудбалерот без разлика што следното лето тој би имал можност да си замине бесплатно.
Се верува дека понудата која му ја дава ПСЖ за нов договор е поголема отколку тоа што може да му го понуди Реал Мадрид, но тој е одлучен да заигра во поконкурентно првенство и да го облече дресот на шпанскиот гигант за кој навива од мал.