Мбапе следната недела потпишува за Реал и ќе стане најплатениот во историјата на „кралевите“!?

by
1 минути читање

Бидејќи договорот му истекува по крајот на оваа сезона, Мбапе уште од јануари можеше да преговара со други клубови, но се чекаше да заврши двобојот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид.

Откако ПСЖ испадна од Лигата на шампионите, Килијан Мбапе може да почне да ја решава својата иднина. Се шпекулира дека тој од поодамна му има дадено збор на Реал Мадрид, па во наредните денови треба само да финишираат преговорите.

Во шпанските медиуми почнаа да излегуваат и бројки за договорот на Мбапе во Реал Мадрид. Се очекува тој да потпише петгодишен договор, да добие бонус за потпис меѓу 60 и 80 милиони евра, и годишна плата од околу 25 милиони евра. Што е рекордна за еден играч на кралскиот клуб.

Додека Мбапе не стави потпис на договор со Реал Мадрид, ПСЖ ќе се обидува да го предомисли со повеќе пари од тоа што му го нудат во Шпанија, но се чини дека францускиот фудбалер е одлучен од следната сезона да игра на Бернабеу.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×