Суперталентираниот
Французин синоќа испиша историја и стана најмладиот фудбалер кој стигнал до
бројката од 50 погодока во Лиг 1. Со 20 години, два
месеци и три дена, тој го подобри постигнувањеот на Јаник Стопира кој во 1982
стигна до 50 погодоци со 21 година, 11 месеци и девет дена.
Иако немаше
потреба да брза, Килијан Мбапе очигледно беше решен против Ним да го собори
рекордот. Па кон крајот на првиот дел, се направи на Тошо и постигна
гол со рака.
По еден корнер,
Тјаго Силва ја сврте топката на втората статива, каде Мбапе со рака ја затресе
мрежата на гостите. Французинот потоа тргна да слави со своите соиграчи како да
не се случило ништо, а фудбалерите на Ним веднаш го обиколија судијата и бараа погодокот
да биде поништен.
За разлика од
Англија каде Чичарито во петокот ги измами судиите, во Франција има ВАР, па
откако беа прегледани повторените снимки, Килијан Мбапе си доби жолт картон.
Фудбалерот на ПСЖ
во продолжението од мечот сепак постигна два гола со кој сега има 51 погодок во
најсилното првенство на Франција.