Мбапе: Никогаш во животот нема да играм за Тотнем

by
1 минути читање

Се верува дека Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид, но се уште не се отфрла можноста да го продолжи договорот со ПСЖ.

Она што се отфрла со сигурност, тоа е негов можен настап за Тотнем некогаш.

„Сигурен сум дека Тотнем ќе имаат добра сезона со Антонио Конте бидејќи тој е одличен тренер. Тоа е добро за нив, но мислам дека јас никогаш во мојот живот нема да играм за Тотнем“, вели Мбапе.

„Мојот договор истекува за шест месеци, но фокусиран сум на теренот. Ги оставам луѓето да зборуваат за мене… сигурно дека ќе дискутирам за ситуацијата со договорот, времето минува, но мислам дека во моментов тоа не е приоритет“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×