Мбапе не го заборави идолот Роналдо по потписот со Реал: Не можам да ви објаснам… (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Мбапе

Килијан Мбапе се огласи на социјалните мрежи откако во петтиот обид потпиша со Реал Мадрид, вели дека конечно му се остварил сонот.

Конечно заврши трансфер сагата на Килијан Мбапе, попладнево пристигна официјална потврда за преселбата на напаѓачот во Реал Мадрид.

„Кралевите“ првиот свој обид за ангажман на Французинот го имаа во 2012, кога Килијан Мбапе имаше само 14 години и помина една недела во Мадрид, каде се сретнал со Зинедин Зидан и неговиот идол Кристијано Роналдо.

Реал потоа се обиде да го купи Килијан Мбапе во 2017, четири години подоцна направија нов обид, а беа блиску до потпис и во 2022 година.

Петиот обид беше успешен, и Французинот сега се обврза на соработка до јуни 2029 година.

„Ми се оствари сонот. Среќен сум и горд што ќе му се придружам на клубот од соништата, Реал Мадрид. Не можам да ви објаснам колку сум воздубен сега. Со нетрпение чекам да ве видам – Мадридисти, и да ви заблагодарам за неверојатната поддршка. Хала Мадрид“ – напиша Килијан Мбапе на социјалните мрежи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани