Мбапе: Како да не му го оставам пеналот на Меси, тој е најдобар во светот, привилегија е да се игра со него

by
1 минути читање

ПСЖ вечерва со
доста проблеми славеше против РБ Лајпциг со 3-2 и прокнижи нови три бода. Голот
за победа беше дело на Лео Меси, Аргентинецот со „паненка“ донесе радост на
Паркот на Принцовите.

Килијан Мбапе
уште откако го изнуди пеналот со прст покажа кон Лео Меси, па по крајот на
натпреварот беше запрашан зошто му го оставил пеналот на својот колега од
нападот.

„Тоа е нормално,
тоа е почит. Тој е најдобариот фудбалер во светот, привилегија е да се игра со
него. Има пенал, тој шутира, точка“
– рече Французинот.

Сепак, кога во
финишот од мечот беше досуден нов пенал, Килијан Мбапе беше тој кој ја изведе
најстрогата казна.

„За вториот
пенал, Меси ми рече јас да го изведам, ми го остави, па затоа шутирав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани