Мбапе го потсетил ПСЖ на ветувањето кое му го дале кога пристигнал од Монако

by
1 минути читање

Синоќа на адреса на ПСЖ пристигна понуда од Реал Мадрид за Мбапе во висина од 160 милиони евра, но францускиот клуб ја одби. Наводно барале сума од околу 200 милиони евра.

Дали Реал Мадрид ќе се врати со поголема понуда или не, не се знае, но лудо е да се платат 200 милиони евра за фудбалер кој следната сезона може да пристигне на Бернабеу како слободен играч.

Според „Марка“, во 2017 година кога Мбапе од Монако премина во ПСЖ, од раководството на клубот добил ветување дека ќе преговараат за негова продажба ако до нив пристигне понуда од Реал Мадрид.

Мбапе како мал бил голем фан на Кристијано Роналдо и Реал Мадрид, па негов сон е да заигра за шпанскиот гигиант.

Денеска медиумите пишуваат дека при последната средба со директорот Леонардо, Мбапе го потсетил на ветувањето кое му било дадено пред четири години.

Но од ПСЖ се „глуви“ на барањата на Мбапе за заминување, засега играат тврдо и поставуваат невозможни услови за негов трансфер. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани