158
Вест на денот од Франција денеска беше потпишувањето на нов договор на Мбапе со ПСЖ.
Неговото продолжување на соработката со ПСЖ тој го зачини со три погодоци против Мец. Гол даде и Нејмар, а погоди и Ди Марија за кого ова беше последен меч во клубот.
ПСЖ одамна ја освои титулата во Франција, а второ место и директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите обезбеди Марсеј кој заврши како втор, третото место го освои Монако кој ќе игра во квалификациите за тоа натпреварување.
Место во Лига Европа обезбеди Рен, а во Конференциската лига ќе игра Ница.
Од Лига 1 испаднаа Сент Етјен, Мец и Бордо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.