Мбапе бара посебни гаранции за да потпише нов договор со ПСЖ

by
1 минути читање

„Ле Паризиен“
известува дека 21 годишниот напаѓач Килијан Мбапе бара посебни гаранции за да
потпише нов договор со францускиот првак ПСЖ, а неговиот актуелен договор со
тој клуб истекува во 2022 година.

Изминатиов
викенд, спортскиот директор Леонардо јавно ги коментираше актуелните случувања
околу ситуацијата со договорот на Французинот.

Ние разговараме
сосема смирено на оваа тема, направивме еден исчекор изминативе десет денови

рече Леонардо.

Оваа изјава на
Леонардо само ги потврди шпекулациите низ медиумите дека Мбапе е отворен за
разговори со ПСЖ околу потенцијалното ставање на потпис на нов договор со
клубот, односно да ја разгледа понудата која би му била доставена.

Мбапе, кој
моментално заработува 1.9 милиони евра месечно, бара посебни гаранции во преговорите
кои се верува дека се од спортски аспект.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×