Џејдон Санчо
погреши со трансферот во Манчестер јунајтед, смета германската фудбалска
легенда Лотар Матеус откако 21 годишниот офанзивец беше изоставен од составот
на националниот тим на „Гордиот албион“ по одлуката на Герет Саутгејт во
пресрет на новата интернационална пауза.
„Ги гледате
фудбалерите кои играат за Манчестер јунајтед, го имате Рашфорд, Роналдо… Тоа
значи дека имате двајца од можни тројца за таа позиција, како и други четворица
кои можат да играат на третата позиција, а еден од тие тројца од вкупно
четворица е токму Санчо“ вели Матеус за „Скај Спортс“.
„Не знам како
Санчо тренира во Манчестер јунајтед, тој треба да работи доста напорно за да
направи чекор кон почетниот состав, а засега е далеку од тоа“ додаде тој.
„Кога ќе
погледнам колку минути добива оваа сезона, или за какви натпревари се работи
кога тој настапува, тогаш сметам дека е грешка, тој можеби сега има повеќе
пари, но помалку натпревари“ подвлече Германецот на прашањето дали Санчо погрешил
за трансферот од Борусија Дортмунд во Манчестер јунајтед.