175
Во финалето од Лигата на шампионите, Кевин Де Брујне заработи двојна скршеница на лицето откако се судри со Рудигер.
„Зборував со Кевин ти тој беше прилично позитивен“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.
„Треба да бидеме многу внимателни, се ќе се знае во наредните денови. Во моментов не знаеме дали ќе можеме да сметаме на него за првиото натпревар“.
„Не можам да дадам одговор бидејќи немам медицински факти, во наредните четири-пет дена очекувам да биде јасно“.
„Имаме голема среќа што нема да му треба операција и покрај тоа што има двојна скршеница. Ако требаше да прави операција ќе беше невозможно да игра на Европското првенство“.