Дефанзивецот на Барселона, Ињиго Мартинез вели направил грешка кога решил да го плукне Франческо Ачерби и се правда дека го промашил противникот за едно метро.
Ињиго Мартинез и Франческо Ачерби влегоа во расправија во финишот од првиот дел на вчерашниот натпревар помеѓу Интер и Барселона и во прв момент не беше јасно зошто двајцата се пречкаат на теренот.
Но подоцна се појавија снимки кои покажуваат дека дефанзивецот на Барселона го плукна својот ривал.
„Ништо не се случи“ – се правда Ињиго Мартинез. „При прославата, тој почна да ми вика на уво и јас имав една непотребна рекција, но ни во еден момент не го плукнав. Плуканката помина на едно метро од него. Доколку беше поинаку, сигурно ќе добиев црвен картон“.