Напаѓачот на
Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал бара излез од фрустрацијата во која се
наоѓа на „Олд Трафорд“ веќе подолг период, со тоа што наводно ги известил во
клубот дека сака да си замине уште во јануарскиот преоден рок.
Французинот
запиша само два настапи како стартер во Премиерлигата сезонава, а еден во
Лигата на шампионите, со тоа што 26 годишниот фудбалер веќе ги разгледува
опциите за идниот месец, за што сведочи и изјавата на неговиот агент.
„Ентони сака да
си замине од клубот во јануари, потребно му е да игра, не сака да остане повеќе
во овој клуб, а јас ќе разговарам со истиот наскоро“ рече Филипе Ламболеј за „Скај
Спортс“.
Се верува дека
сериозен интерес за Марсијал пријавува Барселона, а наводно официјални лица од
клубот на Каталонците минатиот месец биле во Манчестер за да разговараат на
оваа тема.