277
Марсијал ретко добиваше шанса во Манчестер јунајтед, па во потрага по поголема минутажа замина во Севиља.
Но, интересно, тој сега вели дека за него се интересирале и Барселона и Јувентус, но негов приоритет била Севиља.
„Барселона зборуваше со моите агенти во јануари, Јувентус сакаше да потпише со мене, тие притискаа, вистина е тоа, но мој приоритет беше Севиља“, вели Марсијал.
„Тука имам шанса да бидам стартер и да играм регуларно како што сакав“.