Марсело ја објасни ситуацијата со Иско: Се обидов да му ја предадам капитентската лента…

by
1 минути читање

Бранителот на
европскиот трофеј, Реал Мадрид успеа да се пласира во елиминационата рунда од
Лигата на шампионите, но, синоќа по втор пат загуби од ЦСКА Москва во групната
фаза, првиот пораз беше минимален, но, вториот, пред своја публика, убедлив со
0-3.

Иско ја „спука“ со навивачите, доби свирежи па им порача: Што сакате? (ВИДЕО)

Сепак, доста
прашина кренаа свирежите на навивачите на шпанскиот гигант кон Иско, за кого се
погласни се шпекулациите дека е на
излезна врата од клубот, а меѓу другото, тој ја одби капитентската лента при
излегувањето од игра од страна на Марсело.

Се обидов да му
ја предадам капитентската лента на Иско, но, тој ми порача дека треба да му ја
предадам на Карвахал, не знам зошто…
“ објасни Бразилецот по мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани