Марсеј ја одреди цената на Гринвуд, половина од сумата ќе му припадне на Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање
Гринвуд

Марсеј е подготвен да го продаде Мејсон Гринвуд доколку некој понуди 75 милиони евра, половина од оваа сума ќе му припадне на Манчестер јунајтед.

Мејсон Гринвуд прикажува одлични партии во дресот на Марсеј, па неколку клубови внимателно го следат неговиот прогрес по проблемите кои ги имаше во Манчестер јунајтед.

Се шпекулира дека ПСЖ и Барселона пројавуваат најсериозен интерес и Марсеј е подготвен да го продаде Англичанецот доколку пристигне богата понуда.

Клубот од Велодром го проценува напаѓачот на 75 милиони евра и ова е сумата потребна за реализирање на трансфер.

Од една ваква зделка добро ќе се офајди и Манчестер јунајтед, кој има клаузула според која му следуваат 50%, или во конкретниов случај, 37,5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани