73
Бепе Марота потврди дека Лучијано Спалети ќе биде тренер на Интер и следната сезона, тие се задоволни од него.
„Дали веќе го одбрав тренерот за следната сезона? Тоа е Спалети, тој има договор со нас, а ние сме задоволни од него“, изјави Марота.
Спалети во Интер е од 2017 година и има договор до 2021.
Во изминатиот период се шпекулираше со имињата на Конте и Мурињо како можни тренери на Интер во следната сезона.