380
Бепе Марота
денеска беше во Рим во канцелариите на Фудбалската федерација на Италија па на
излегување беше пречекан од група новинари кои сакаа да дознаат повеќе
информации за трансфер активностите на Интер.
Генералниот
извршен директор на „нероаѕурите“ беше запрашан за враќањето на Ромелу Лукаку,
а тој рече: „Мислам дека вечерва ќе пристигне во Милано“.
Потоа следеше прашање
за Пауло Дибала, а Бепе Марота не одговори ништо и само се насмевна.
Се верува дека
преговорите со Аргентинецот се на стенд-бај, Интер најпрво ќе треба да се
ослободи од двајца напаѓача, а и Пауло Дибала ќе треба да прифати помала плата и
бонуси.