Минатата недела, Интер го продаде Ромелу Лукаку на Челси за 115 милиони евра и покрај тоа што претходно „нероаѕурите“ демантираа дека најдобрите играчи ќе го напуштат клубот и дека Ашраф Хакими ќе биде единствената жртва ова лето.
„И покрај тоа што заминаа звучни имиња, Лукаку пред се, ќе бидеме конкурентни“ – вели директорот на Интер, Бепе Марота.
„Лукаку изрази силна желба да замине, и во таква ситуација нема што друго да направите освен да го продадете играчот. Исто така, со овој трансфер успеавме да ги балансираме сметките“.
„Како што велеше Мајкл Џордан, талентот ви помага да победите на натпревар, напорната работи ви носи освојување на првенството“.
Бепе Марота исто така откри дека Лаутаро Мартинез самиот рашил да остане и покрај тоа што пристигнале неколку понуди на адреса на Аргентинецот и додаде дека Интер до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ангажира уште еден напаѓач.