Мароканците останаа без важно име пред стартот на СП!

by 24 фудбал
1 минути читање

Мароканската репрезентација доби причина за загриженост пред почетокот на Светското првенство 2026, откако Абдесамад Езалзули заработи повреда на контролниот натпревар против Норвешка.

Офанзивецот на Бетис не успеа да го доигра мечот и беше заменет поради проблеми со коленото, а првичните информации не се најоптимистички за стручниот штаб на Мароко.

Според првичните медицински проценки, станува збор за истегнување на лигаментите на коленото, поради што Езалзули ќе мора да мине низ дополнителни прегледи кои ќе ја покажат точната состојба и времето потребно за закрепнување.

Во моментов се очекува фудбалерот да паузира меѓу две и четири недели, што значи дека неговиот настап на стартот од Мундијалот е неизвесен.

Езалзули е еден од најважните адути во нападот на мароканската селекција, па евентуалното отсуство би било сериозен хендикеп за амбициите на националниот тим на претстојниот светски собир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×