Марко Грујиќ нема да се врати во Ливерпул, неговата следна дестинација е Серија А?

by
0 минути читање

По крајот на оваа сезона завршува позајмицата на Грујиќ во Херта по што тој треба да се врати во Ливерпул.

Иако во Херта играше одлично, мали се шансите Грујиќ во Ливерпул да добие место во стартниот тим, па се шпекулира дека ќе биде продаден со цел клубот да инкасира средства за остварување на трансфер желбите.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Лацио е сериозен кандидат за потписот на Грујиќ и во наредниот период се очекува да испрати понуда за фудбалерот на Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×