Марка: Македонските фудбалери се наследници на Филип и Александар Македонски!

by
1 минути читање

Останува точно уште еден месец до почетокот на Европското првенство, големите медиуми веќе одбројуваат до настанот и ги претставуваат учесниците.

„Марка“ одвои еден дел за македонската репрезентација и напиша:

„Планот на УЕФА за помалите земји да добијат шанса за настап на Евро, ја донесе Македонија на големата сцена да го искуси тоа. Македонија успеа да го оствари тоа благодарение на форматот и формулата за пласман преку баражите во Лига на нации во 2018 година. Горан Пандев на 37 години е на кормилото, а наследниците на Филип Втори и Александар Македонски тргнаа како Пепелашка на Евро, но нивниот бунтовен карактер и предупредување не е мало – успеаа да ја победат Германија во мундијалските квалификации“, пишува „Марка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани