„Марка“: Две декади од митот за Пандев (ФОТО)

by
1 минути читање

„Горан Пандев се
подготвува за Европското првенство како тоа да е последниот спортски настан во
неговиот живот, а можеби и така ќе биде, неговиот актуелен договор со Џенова
истече, па така останува отворено прашањето околу неговата иднина
“
пишува во воведниот дел „Марка“ во сторијата за нашиот Горан Пандев во пресрет на историскиот
настап на Македонија на Европското првенство.

„Сите ми велат:
Гоки, не се шегувај, мораш да играш
уште една година
“ вели нашиот капитен, за кого шпанскиот весник напиша и за
историскиот гол против Грузија со што Македонија избори место на континенталниот
турнир.

„Тој го носеше
дресот на својата земја повеќе од 100 пати, а постигна повеќе од 30 погодоци,
веќе испиша 20 години во дресот на Македонија од неговото официјално деби на 17
години, денеска Пандев има 37 години и веќе надмина 100 погодоци во Серија А,
блескаше во италијанскиот фудбал
“ додава „Марка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×