Марина знаела што прави: Азар со месеци е во пензија, а Реал на Челси ќе му плати бонус од 5 милиони!

by bojan
2 минути читање
Еден Азар

Како што пренесува Телеграф, Челси ќе добие нови 5 милиони фунти од трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид и покрај тоа што фудбалерот од Белгија во октомври месец стави крај на кариерата.

Марина Грановскаја беше десна рака на Роман Абрамович во Челси и важеше за најмоќната жена во фудбалот и лице со кое тешко се преговара.

Но очигледно таа знаела што прави, а трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е уште еден доказ за тоа.

Фудбалерот од Белгија беше продаден на Реал Мадрид за 88 милион фунти (околу 100 милиони евра), плус додатни над 40 милини фунти (околу 50 милиони евра) во бонуси.

И покрај тоа што Еден Азар не се изнаигра на „Бернабеу“, Челси редовно добиваше милионски исплати поради успесите на Реал Мадрид во Ла Лига и во Лигата на шампиони.

А зделката која Марина Грановскаја ја направила е толку добра што Челси сега ќе добие нови 5 милиони фунти и покрај тоа што Еден Азар минатото лето го раскина договорот со „кралевите“ и во октомври објави крај на кариерата.

Весникот Телеграф денеска објави дека на Челси му следуваат нови 5 милиони фунти за пласманот на Реал Мадрид во финалето во Лигата на шампиони, и условите договорени поеѓу двата клуба и понатаму се валидни и покрај тоа што Еден Азар е во пензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани