Иако се уште нема
официјална потврда, се верува дека Челси ја доби битката за потписот на Тимо
Вернер, напаѓачот ќе се пресели во Лондон за 60 милиони евра.
Но „сините“ нема
да застанат тука, Марина Грановскаја повторно оди на шопинг во Бундеслигата.
Директорката на Челси, која важи за најмоќната жена во светот на фудбалот и
десна рака на Роман Абрамович, го мерка и Каи Хаверц.
Младата ѕвезда на
Баер Леверкузен важи за еден од најперспективните играчи во Европа и се наоѓа
на листата со желби на Баерн Минхен, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер јунајтед
и уште многу други клубови.
Марина се надева
дека со понуда од 75 милиони фунти (околу 85 милиони евра) ќе издвојува уште
една битка со ривалите на трансфер пазарот, и ќе го спои Вернер со својот
сонародник Хаверц.